Голманот на Интер, Андре Онана ќе му се приклучи на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, кој го договори неговиот трансфер за 51 евра + 4 милиони во вид на бонуси, објави „Атлетик“.
Официјалното преставување на 27-годишниот Онана најверојатно нема да се случи во наредните денови бидејќи Манчестер Јунајтед продолжува да ги решава малите детали од договорот, вели изворот.
Онана ќе потпише петгодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Тој многу сакаше да му се приклучи на Манчестер Јунајтед за повторно да работи под водство на Ерик тен Хаг, кого го познава од Ајакс.
Во сезоната 2022/2023, Онана, заедно со Интер, стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, каде загубија од Манчестер Сити (0:1).
Во рамките на Серија А за Интер, Камерунецот одигра 24 натпревари и прими 24 гола. Осум натпревари голманот имаше сува мрежа.

