28-годишниот играч од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка стана предмет на сериозен интерес на Манчестер Јунајтед. Исто така, уште 2-3 европски врвни клубови се заинтересирани за играчот, објави „Скај Спорт Германија“.
Клубот од Минхен е подготвен да го пушти германскиот фудбалер доколку добие сериозна понуда од 40 до 50 милиони евра. Тренерот на Баерн Минхен Томас Тухел планира да го користи Конрад Лајмер во средниот ред во пар со Џошуа Кимих и не смета на Горецка како главен играч.
Самиот Леон не сака да си замине, но може да се премисли во случај на малку време на теренот. „Црвените ѓаволи“ внимателно ја следат ситуацијата околу играчот и покрај потписот на Мејсон Маунт. Исто така, за играчот се заинтересирани уште 2-3 европски врвни клубови, кои се подготвени да го ангажираат доколку играчот биде достапен на трансфер пазарот.
Горецка (28) на 40 натпревари минатата сезона за Баерн во сите натпреварувања постигна шест гола и имаше шест асистенции. Проценетата цена на овој фудбалер е 45 милиони евра.