Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Јунајтед е заинтересиран за крилото на Реал Мадрид Марко Асенсио
    Фудбал

    Манчестер Јунајтед е заинтересиран за крилото на Реал Мадрид Марко Асенсио

    risteBy riste31/07/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на крилото на Реал Мадрид Марко Асенсио, пишува весникот „Сан“.

    Договорот на 26-годишниот напаѓач со Реал Мадрид завршува наредната година, но шпанскиот клуб не сака да го обнови и сака да го продаде играчот. Причината за тоа се преголемите барања за плата на Асенсио.

    Реал Мадрид бара 34 милиони евра за трансферот на трикратниот освојувач на Лигата на шампионите. Напаѓачот учествуваше на претсезонските подготовки под водство на Карло Анчелоти во САД и настапи на сите три пријателски натпревари. Асенсио е играч на Реал Мадрид од 2015 година.

    Минатата сезона фудбалерот забележа 42 настапи за мадридскиот клуб во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и две асистенции. Претходно Асенсио настапуваше за Мајорка и Еспањол. Од 2016 година напаѓачот е повикан во шпанската репрезентација.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар донесе четири нови засилувања

    14/08/2022

    ПСЖ му нуди нов едногодишен договор на Меси

    14/08/2022

    Јувентус брза да го затвори трансферот на Депај

    14/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кадетите го освоија првото место во Рига
    • МЗТ Скопје А. и Војдан Стојановски ја продолжија соработката
    • Вардар донесе четири нови засилувања
    • ПСЖ му нуди нов едногодишен договор на Меси
    • Јувентус брза да го затвори трансферот на Депај
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.