Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на ПСЖ и Мароко, Ашраф Хакими, објави „Фудбал Инсајдер“.
Според изворот, „црвените ѓаволи“ биле пред Челзи во борбата за играчот. Лондонскиот клуб треба да вложи сериозни напори во блиска иднина за да обезбеди почитување на сите правила за финансиски фер-плеј.
Сега Манчестер Јунајтед важи за главен фаворит за потписот на играчот.
Се дознава дека од „Олд Трафорд“ се подготвени да платат 60 милиони евра за Хакими.Таква сума би требало целосно да им одговара на газдите на ПСЖ. Парискиот клуб во неколку наврати јасно стави до знаење дека не е против продажба на мароканскиот дефанзивец во претстојниот преоден рок.
Оваа сезона Хакими забележа 37 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, во кои постигна четири гола и пет асистенции.
Договорот на играчот со парискиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. Трансфер вредноста на овој фудбалер според интернет порталот Трансфермаркт е 70 милиони евра.