Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница објави дека го продолжи договорот со Лук Шоу. Новиот договор меѓу двете страни е до 2027 година.
„Пред девет години потпишав со овој неверојатен клуб и многу сум среќен што ќе го продолжам мојот престој. Откако дојдов во Манчестер пред многу години, пораснав многу и како човек и како играч. Знам што е потребно за да се биде успешен во ваков клуб. Ние сме на почетокот на патувањето под водство на главниот тренер и неговиот стручен штаб. Веќе постигнавме успех оваа сезона, но сакаме повеќе. Има одлична можност да се создаде нешто посебно овде и ќе дадам се што имам за да бидам дел од тоа“, изјави Лук Шоу за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.