Манчестер Јунајтед постигна договор со Брентфорд за напаѓачот Брајан Мбемо , објави „Атлетик“.
Според извор, по неколку недели преговори конечно е постигнат договор вреден до 71 милион фунти (82,4 милиони евра). Тој вклучува почетна сума од 71 милион фунти (75,4 милиони евра) што треба да се плати на четири рати, плус бонуси до 6 милиони фунти (7 милиони евра). Мбемо го избра Манчестер Јунајтед пред сите други клубови, а Камерунецот е во последната фаза од комплетирањето на својот трансфер.
Во сезоната 2024/2025 во англиската Премиер лига, 25-годишниот Брајан Мбемо одигра 38 натпревари, постигна 20 гола и имаше седум асистенции.

