Манчестер Јунајтед и ПСЖ пројавуваат сериозен интерес за една од најголемите ѕвезди на Наполи Лоренцо Инсиње, тврдат медиумите во Италија.
Според последните информации и двата тима ќе конкурираат за италијанскиот репрезентативец и се надеваат дека ќе го привлечат во своите редови по крајот на сезоната. Милан исто така се очекува да се вклучи во битката за неговиот потпис, но само ако тимот се квалификува во Лигата на шампиони за наредната сезона.
27-годишниот голгетер се претставува одлично за својот тим и од почетокот на сезоната во италијанскиот елита постигнал 9 погодоци.
Самиот Инсиње не крие дека иако го сака својот клуб, при добра понуда би се радувал да проба нешто ново и различно.