Манчестер Јунајтед денес нема да го одржи традиционалниот божиќен ручек за сите во клубот. Причината е пандемијата на коронавирусот, поради што беше затворена кантината во тренинг базата на тимот, пренесува весникот „Сан“.
Играчите на тимот сепак ќе имаат 90-минутен утрински тренинг. После тоа, тие ќе можат слободно да поминат неколку часа во своите домови со своите семејства, по што подоцна во текот на денот ќе заминат на гостувањето кај Лестер Сити, натпревар кој го играат утре, на популарниот Боксинг Деј.
Средбата се игра утре, сабота со почеток во 13:30 часот.

