Машкиот и женскиот состави на Манчестер Јунајтед ќе одиграат по една контрола во Норвешка ова лето, соопштија од клубот.
На 30 јули, „Црвените ѓаволи” ќе се соочат со Кристиансунд на стадионот „Улеваал“ во Осло. Следниот ден девојките ќе ги одмерат силите со Валеренга на „Интилити Арена”, која е исто така во норвешката престолнина.
„Среќен сум што ќе играме со Кристиансунд, кои се од мојот роден град во Норвешка. Ова е дополнителен бонус за мене. Имаме многу следбеници во Скандинавија и е одлично кога среќавам навивачи на Јунајтед, каде и да одите во Норвешка. Овој натпревар ќе биде многу важен што се однесува до нашата подготовка за новата сезона. Сакаме да почнеме да бидеме силни и да имаме шанса да бидеме конкурентни кога ќе дојде сезоната. Најдобриот начин да го направите тоа е со подигање на формата од натпревар во натпревар и секако добра подготвеност на играчите“, рече менаџерот Оле Гунар Солскјер.