Раководството на Манчестер Јунајтед нема намера да им понуди нови договори на играчите од средниот ред Џеси Лингард и Хуан Мата, како и на напаѓачот Единсон Кавани, објави новинарот Фабрицио Романо.
Договорите на сите тројца им истекуваат на 30 јуни, што значи дека на 1 јули ќе станат слободни агенти. 35-годишниот Кавани со најголема веројатност ќе се пресели во шпанскиот Реал Сосиедад, додека за потписот на 29-годишниот Лингард интерес имаат неколку клубови од Англија. Нејасно е какви се плановите на 33-годишниот Мата, кој можеби оди кон крајот на спортската кариера. Според Романо, „црвените ѓаволи“ се подготвени со новиот договор на плејмејкерот Бруно Фернандеш. Португалецот ќе потпише вонаредните денови, а договорот ќе биде за период од пет години. Се очекува раководството наскоро да започне преговори со левиот бек Лук Шоу.
26-годишниот дефанзивец во последно време ретко е дел од стартниот тим на Манчестер Јунајтед, но сепак е клучна фигура во националниот тим, за кој постигна гол во последната контрола против Швајцарија викендов.