Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Јунајтед му порача на Роналдо дека нема да го пуштат ова лето
    Фудбал

    Манчестер Јунајтед му порача на Роналдо дека нема да го пуштат ова лето

    risteBy riste26/06/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Манчестер Јунајтед нема намера да го продава напаѓачот Кристијано Роналдо. Претставници на англискиот клуб му порачаа на 37-годишниот напаѓач дека нема да го пуштат никаде ова лето, пишува „ESPN“.

    Извори блиски до Манчестер Јунајтед велат дека клубот очекува Кристијано Роналдо да остане. Манчестер Јунајтед сака Роналдо да продолжи да игра за клубот. Ерик тен Хаг сака Португалецот следната сезона да биде во Јунајтед.

    Познато е дека Кристијано сакал преостанатите години од кариерата да ги помине играјќи за клуб кој игра во Лигата на шампионите. Тој се сомнева во амбициите на Манчестер Јунајтед бидејќи клубот допрва треба да направи некакви засилувања ова лето. Договорот на Роналдо со Манчестер Јунајтед е со важност уште една година, во него е вклучена и опцијата за продолжување на уште една сезона. Претходно Кристијано Роналдо беше поврзуван со можна преселба во Челзи, Баерн и Рома.

    Напаѓачот минатата сезона постигна 24 гола и даде 3 асистенции на 39 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.

    13/08/2022

    Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата

    13/08/2022

    Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите

    13/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.
    • Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата
    • Младите „пелистерци“ се подготвуваат во Маврово
    • Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите
    • Њукасл нема да бара замена за Шелви
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.