Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Јунајтед на списокот на клубови заинтересирани за Антоан Гризман
    Фудбал

    Манчестер Јунајтед на списокот на клубови заинтересирани за Антоан Гризман

    risteBy riste10/08/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Манчестер Јунајтед е уште еден клуб кој внимателно ја следи ситуацијата со напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман.

    Иднината на Французинот на „Камп Ноу“ останува неизвесна, иако Каталонците ја загубија својата голема sвезда Лионел Меси. Сепак, клубот продолжува да има сериозни финансиски проблеми, а 30-годишниот Французин добива една од највисоките плати на „Камп Ноу“, а токму тоа може да ги натера сопствениците на клубот да се разделат со него со добра понуда

    Се очекуваше Манчестер Јунајтед да не привлекува нов напаѓач откако Единсон Кавани потпиша нов договор со клубот. Сепак, најновите информации тврдат дека „Црвените ѓаволи“ се распрашувале за можноста да го привлечат Антоан Гризман. Од „Олд Трафорд“ дури размислуваат да дадат официјална понуда во наредните денови. Гризман не можеше да ги исполни големите очекувања по неговиот трансфер за 120 милиони од Атлетико Мадрид во 2019 година. Досега, тој има 99 натпревари, 35 голови и 17 асистенции во дресот на Барселона во сите натпреварувања.

    Сепак, Манчестер Јунајтед не е единствениот кандидат за потписот на францускиот напаѓач. Тој блиску до враќање во Атлетико, но трансферот пропадна. Покрај тоа, Тотенхем, Челзи, Манчестер Сити и Јувентус исто така внимателно ја следат ситуацијата. Неодамна се појавија информации дека Барселона поставила цена за Гризман од 50 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.