Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Јунајтед наредните денови ќе го објави трансферор на Џејдон Санчо
    Фудбал

    Манчестер Јунајтед наредните денови ќе го објави трансферор на Џејдон Санчо

    risteBy riste18/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Играчот од средниот ред Џејдон Санчо својата кариера ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на „Твитер“.

    Манчестер Јунајтед наскоро ќе го објави трансферот на играчот. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека остануваат само неколку документи што треба да се подготват. Санчо потекнува од школата на Ватфорд и Манчестер Сити и својата сениорска кариера ја започна во Борусија Дортмунд во 2017 година. Тој е дел од репрезентацијата на Англија од 2018 година.

    Минатата сезона, 21-годишниот играч за врска учествуваше на 26 натпревари во Бундеслигата, на кои постигна осум гола (еден од белата точка) и даде 11 асистенции. Беше објавено дека Манчестер Јунајтед ќе и плати на Борусија Дортмунд за Санчо 85 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пехарот од ЛШ замина во Англија

    10/06/2023

    Арсенал го продолжи договорот со Вилијам Салиба

    10/06/2023

    Италијанските медиуми пред финелето на Интер против Манчестер Сити

    10/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Пехарот од ЛШ замина во Англија
    • Ивановски ќе се бори за пехарот
    • Арсенал го продолжи договорот со Вилијам Салиба
    • Еурофарм Пелистер потпиша со уште еден Данец, во Битола доаѓа нов кружен напаѓач
    • Италијанските медиуми пред финелето на Интер против Манчестер Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.