Манчестер Јунајтед е подготвен да одбие секаква понуда која ќе пристигне за својот капитен Бруно Фернандеш пред затворањето на преодниот рок следниот месец.
Турскиот гигант Галатасарај, како и италијанските гиганти Јувентус и Милан, размислуваат да ја тестираат решителноста на „Црвените ѓаволи“ да го задржат својот португалски лидер, објави „BBC Sport“. Се вели дека Галатасарај подготвува понуда вредна 50 милиони евра (42,7 милиони фунти). Сепак, пораката од „Олд Трафорд“ е дека ваквите обиди се целосно губење време.
За разлика од минатото лето, кога клубот ја остави одлуката во рацете на играчот во врска со колосалната понуда од Ал-Хилал од Саудиска Арабија, овој пат ставот на Манчестер Јунајтед е цврст и јасен – 31-годишниот играч од средниот ред не е на продажба по никаква цена.

