Манчестер Јунајтед и понатаму е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез . Од Реал Мадрид не се против продажба на 28-годишниот Колумбиец, но тие не сакаат да прават големи отстапки кога разговараат за трансфер, пренесува „Марка“.
Еден од проблемите за потенцијален трансфер е и големата плата на хамес Родригез. Во таква ситуација, „црвените ѓаволи“ бараат од Реал попуст. Други клубови заинтересирани за играчот на Реал Мадрид се Ливерпул Евертон и Атлетико Мадрид. Родригез има добри односи со тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, но фудбалерот е заинтересиран и за соработка со Диего Симеоне.
Договорот на Хамес Родригез со Реал Мадрид важи до 30 јуни 2021 година. Вредноста на трансферот на играчот се проценува на 32 милиони евра.