Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница објави дека потпишал нов долгорочен договор со техничкиот спонзор на клубот, Адидас.
„Односот меѓу Манчестер Јунајтед и Адидас е еден од најпознатите икони во глобалниот спорт, благодарение на нашата заедничка посветеност на стилот, талентот и што е најважно, високите перформанси. Нашето партнерство, започнато во 80-тите години од минатиот век, беше надополнето во изминатата деценија со најиновативните дизајни и технологии. Сега со нетрпение очекуваме да го продолжиме ова моќно партнерство во остатокот од оваа деценија и во 2030-тите“, рече извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ричард Арнолд во својата изјава.