Манчестер Јунајтед официјално го објави ангажирањето на францускиот дефанзивец Рафаел Варан. „Црвените ѓаволи“ и Реал Мадрид го официјализираа договорот меѓу двата клуба на 27 јули, но дури денес се расчистени сите детали за трансферот за да може да се заврши договорот.
Тој ќе потпише договор до крајот на јуни 2025 година со опција за дополнителна сезона, а клубот ќе плати околу 40 милиони евра плус бонуси на Реал Мадрид.
✍️ He's here. It's signed.
Welcome to Manchester United, welcome to Old Trafford, Raphaël Varane! 👋
Even a hug for @rioferdy5… pic.twitter.com/XCMlSLtvKl
— Football on BT Sport (@btsportfootball) August 14, 2021
„Манчестер Јунајтед е еден од најголемите клубови во светот и шансата да дојдам и да играм тука беше нешто што не можев да го пропуштам. Има уште многу што сакам да постигнам во кариерата и знам дека се приклучувам на клуб полн со играчи кои се решени да победуваат и освојуваат трофеи. Разговарав со менаџерот и го видов напредокот што е постигнат во последните неколку сезони и дека овој тим е подготвен да игра на највисоко ниво. Сакам да придонесам и ќе направам се за да станам дел од историјата на клубот“, изјави Варан на официјалната веб-страница на клубот.