Манчестер Јунајтед планира да го задржи дефанзивецот Лук Шоу со нов договор, напиша на Твитер новинарот Николо Скира.
Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да понуди нов договор на англискиот репрезентативец до 2026 година. Актуелниот договор на Шоу истекува во 2023 година. Во сезоната 2020/21, 25-годишниот Шоу одигра 47 натпревари за Манчестер Јунајтед, на кои постигна 1 гол и 6 асистенции.
На Еуро 2020, тој беше дел од селекцијата на Англија, која стигна до финалето каде загуби од Италија по изведувањето пенали.