Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди нов долгорочен договор на својата sвезда Бруно Фернандеш. Клубот е исклучително задоволен од 27-годишниот Португалец, кој стана вистинска сензација по неговиот трансфер од Спортинг (Лисабон) во јануари 2020 година.
Затоа клубот сака да го врзе долгорочно, пишува венсикот „Сан“. Фернандеш досега постигна 83 голови и 25 асистенции на 83 натпревари за „црвените ѓаволи“. Неговиот актуелен договор е до летото 2025 година, но сопствениците на клубот се подготвени да седнат на преговарачка маса и да се договорат за негово продолжување.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер го убеди раководството соодветно да ја зголеми платата на Португалецот, да дојде до 300 илјади фунти неделно и да биде поблиску до платата што ја добија Пол Погба и Давид Де Геа.