Манчестер Јунајтед подготви нова понуда за Мејсон Маунт и таа ќе пристигне во канцелариите на Челзи во наредните денови.
Првата понуда, која беше за 40 милиони фунти, беше одбиена од лондончани. 24-годишниот фудбалер е под договор со сините до летото 2024 година и се очекува да го напушти клубот. Младиот играч на Челзи има 195 настапи за Челзи во сите натпреварувања. Во нив постигна 33 гола и 37 асистенции. Врвот на неговата кариера е освојувањето на Лигата на шампионите во 2021 година.
Минатата сезона го мачеа повреди. Покрај трансферот на Маунт во Манчестер Јунајтед, се работи и на привлекување голман, пренесуваат дел од англиските медиуми. Иднината на Давид Де Геа е неизвесна и „црвените ѓаволи“ го назначија Џордан Пикфорд како негова замена, подготвувајќи понуда од 45 милиони фунти за голманот на Евертон.