Трансферот кој беше најавуван по завршувањето на ЕП е веќе потврден. Рафаел Варан си заминува од Реал Мадрид и ќе настапува за екипата на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.
Клубот од „Олд Трафорд“ го потврдија трансферот на фудбалерот кој има 28 години, но не открија премногу детали за истиот. На интернет-страницата на Манчестер Јунајтед стои дека Рафаел Варан е нивен нов фудбалер, а детали не откриваат додека не се финализира зделката и не завршат медицинските прегледи.
𝗕𝗼𝗻𝘀𝗼𝗶𝗿, 𝗥𝗲𝗱𝘀 👋
We have agreed a deal in principle for the transfer of @RaphaelVarane to United! 🔴⚪️⚫️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 27, 2021
Францускиот дефанзивец ќе игра во друг клуб за првпат по 2011 година. Цела деценија тој беше член на Реал Мадрид за кого одигра преку 250 натпревари, а претходно настапуваше за Ленс, кој беше негов прв професионален клуб во кариерата.
Со соопштение се огласи и Реал Мадрид, преку кое на Варан му посака се најдобро во кариерата и му се заблагодари за неговиот придонес во 18 титули: Четири трофеја во ЛШ, четири клупски СП, три европски Суперкупа, три титули во Ла Лига, еден Куп на Кралот во Шпанија и три во шпанскиот Суперкуп.