Англискиот гигант Манчестер Јунајтед се приближува до главниот трансфер за ова лето – белгискиот дефанзивец Тоби Алдервејлерд.
Весникот „Мирор“ објави дека има напредок во преговорите меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем и од „Олд Трафорд“ веруваат дека ќе можат да го финализираат договорот во рок од 48 часа. Предлогот на Манчестер Јунајтед вреди 60 милиони фунти.
Договорот на Алдервејрелд со „Спарси“ истекува за една година, но клубот има право да го продолжи уште 12 месеци. Активирањето на оваа опција, сепак, предизвика дополнителна клаузула за ослободување, според која секој може да го купи дефанзивецот за 25 милиони фунти. Оваа клаузула ќе биде во сила во период од две недели на крајот на овој летен трансфер период.
29-годишниот Алдервејлерд е дел од тимот на Тотенхем од 2015 година. Во кариерата играше за Ајакс, Атлетико Мадрид и Саутемптон.