Манчестер Јунајтед е пред разделба со својот напаѓач Антони Марсијал, кој вториот дел од претходната сезона го мина во шпанска Севиља на позајмица.
Според „Телеграф“, Манчестер Јунајтед се надева дека ќе се разделат со Марсијал и ќе ги искористат парите за купување на нов напаѓач. Претходно, претседателот на клубот од Андалузија, Хозе Кастро, зборуваше за ситуацијата со целосниот трансфер на 26-годишниот Французин.
Според Кастро, шпанскиот тим не е подготвен да го откупи трансферот, бидејќи играчот повеќепати беше повреден во текот на сезоната. Вкупно оваа сезона францускиот фудбалер на 22 натпревари постигна два гола и асистираше. Марсијал е во Манчестер Јунајтед од 2015 година, а неговиот договор со клубот е до 2025 година.