Англискиот клуб Манчестер Јунајтед е заинтересиран за двајца играчи на Баерн Минхен, објавија медиумите на Островот. „Црвените Ѓаволи” сакаат да ги привлечат Роберт Левандовски и Тиаго Алкантара.
Баварците се отворени за преговори, а во исто време „црвените ѓаволи” имаат потреба од овие играчи и доволно пари за да го направат договорот.
Манчестер Јунајтед и во 2013 година беше на прагот да потпише договор со Тиаго Алкантара, но во последен момент тој се определи за Баерн Минхен. Левандовски е играч на кого Жозе Мурињо отсекогаш се восхитувал.
Претходно, медиумите објавија дека полскиот напаѓач Леванвски, исто така има понуди од Барселона и Реал Мадрид, додека Челзи сака да го засили тимот со шпанскиот играч Тиаго Алкантара.