Поранешниот член на Динамо Загреб и шпански репрезентативец Дани Олмо повторно е во фокусот на големите европски клубови и во јануари би можел да ја промени средината.
Последните информации велат дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Олмо и на Ред Бул Лајпциг навистина ќе му треба чудо за да го задржи во своите редови. Во Манчестер Јунајтед имаат јасни намери и нема да бираат средства да ја доведат во своите редови некогашната надеж на Барселона. Се шпекулира дека Манчестер му нуди на Лајпциг 60 милиони евра и дека германскиот клуб веќе добил официјална понуда.
Но, РБ Лајпциг мудро ја следи целата ситуација, бидејќи има и други заинтересирани страни и затоа се надева дека ќе добијат уште побогата понуда. Од целата оваа ситуација може да заработи и Динамо Загреб. Хрватскиот шампион има 20% од трансферот, што би било 12 милиони евра.