Манчестер Јунајтед го потпиша најголемиот договор за рекламирање на тимовите во историјата на Премиер лигата. Клубот потпиша 5-годишен договор со германската компанија за софтвер „TeamViewer“.
Договорот, кој стапува на сила од почетокот на сезоната 2021/22, вреди 235 милиони фунти, или околу 47 милиони фунти по сезона.
Компанијата ќе го замени Шевролет на предниот дел од дресот на „Црвените ѓаволи“, а логото на оваа компанија стои на дресот на Манчестер од 2014 година. Ова е најголемиот договор за рекламирање на спортски клуб од почетокот на пандемијата и рекорд за договор за рекламирање за спонзорство само на официјалниот дрес. Дополнително, клубот е пред објавување на договор за спонзорство на дресови за тренинг.
Логото на компанијата е сино, но ќе биде прикажано во бело на црвените дресови на тимот за следната сезона за да одговара на боите на екипата.