Манчестер Јунајтед наскоро ќе го привлече Марио Манџукиќ од Јувентус, пренесуваат медиумите во Англија
„Црвените ѓаволи“ понудиле 9 милиони фунти за правата на хрватскиот напаѓач и се уверени дека Јувентус, кој сака да се раздели со Манџукиќ, ќе ја прифати нивната понуда.
Хрватот се очекува да се префрли на „Олд Трафорд“ во јануари и да потпише договор од 18 месеци до летото 2021 година. Тој ќе добие 4,4 милиони фунти сезонава или 6,6 милиони за целиот негов престој.
На Јунајтед им е потребна итна поддршка во нападот. Тимот нема постигнато повеќе од еден гол од првото коло и во моментов е на 12-то. место во Премиер лигата. Самиот Манџукиќ има 44 гола на 162 натпревари во Јувентус во последните четири сезони, кои ги заврши со титули.