Манчестер Јунајтед ќе го искористи неуспешниот договор меѓу Атлетико Мадрид и Барселона за размена на Саул Нигес и Антоан Гризман и ќе направи нов обид за привлекување на шпанскиот играч за врска од Атлетико Мадрид.
26-годишниот фудбалер веќе долго време е во центарот на вниманието на „црвените ѓаволи“, кои се надеваат дека овојпат ќе можат да го земат во својот состав, пишува „Мундо Депортиво“. Од „Олд Трафорд“ веќе започнале разговори со агентот на играчот Џонатан Барнет.
Тој не ја одигра својата најдобра сезона на „Ванда Метрополитано“, а сега клубот се засили со Родриго Де Пол, што дополнително ќе ги ограничи неговите шанси за настап. Затоа, за луѓето од Мадрид и за самиот играч, се чини дека би било подобро да се разделат.
Освен Барселона и Манчестер Јунајтед, за Саул се заинтересирани и Манчестер Сити и Ливерпул. Во моментов, сепак, се верува дека „црвените ѓаволи“ се фаворити за неговиот потпис. Фудбалерот може да игра на неколку позиции во средниот ред, што е уште една причина за големиот интерес за него. Се верува дека Оле Гунар Солскјер ќе го користи како дефанзивен играч за врска.