Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 150 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигес, пренесува „Дејли експрес“.
Потпретседателот на „црвените ѓаволи“, Ед Вудвард, има намера да го привлече 25-годишниот Шпанец, и покрај високата сума предвидена како клаузула за откуп во неговиот договор. Саул се смета за соодветна замена за Пол Погба, кој најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед уште во следниот преоден рок. Манчестер Сити е исто така заинтересиран за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид.
Саул одигра 37 натпревари за тимот предводен од Диего Симеоне во сезоната 2019/20, постигнувајќи 4 гола. Порталот „Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 90 милиони евра.