Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок. Англискиот клуб е заинтересиран да потпише со играчот чиј договор истекува на крајот од сезоната, објави „Калчомеркато“.
Претходно беше објавено дека Реал Мадрид му понудил на 26-годишниот Асенсио да го продолжи договорот на четири години со плата од 5 милиони евра по сезона „нето“, по оданочување. Сепак, Марко Асенсио ја отфрлил оваа опција.
Значајно е тоа што Асенсио неодамна смени агент. Претходно неговите интереси ги застапуваше Хорасио Гаџиоли, а сега Жорге Мендеш. Беше објавено дека ова може да и помогне на Барселона да потпише со играч од таборот на главните конкуренти. Сепак, веднаш стигна демант дека Барселона одбиле да потпише со играчот.