Познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо откри дека Манчестер Јунајтед ја испратил првата понуда до Аталанта за данскиот напаѓач Расмус Хојлунд.
Манчестер Јунајтед ја испрати првата директна понуда на Аталанта за Расмус Хојлунд во висина од 60 милиони евра. Структурата на понудата вклучува чиста сума од 50 милиони евра плус бонуси од 10 милиони евра.
Аталанта сепак има намера да добие најмалку 70 милиони евра.
ПСЖ продолжува да се обидува да влијае на опкружувањето на Хојлунд, но Манчестер Јунајтед веќе се договори за условите на договорот со играчот“, напиша Фабрицио Романо на Твитер.
Хојлунд минатата сезона одигра 34 натпревари за Аталанта, постигнувајќи 10 гола и две асистенции.