Нејтан Аке кој е еден од редовните стартери во составот на Манчестер Сити во текот на оваа сезона, нема да може да им помогне на своите соиграчи на дуелот со Арсенал, кој може да биде и одлука за новиот англиски шампион.
Аке се повреди на мечот со Баерн (М) во Лигата на шампионите и вечерва нема да му биде на располагање на Пеп Гвардиола за дуелот со „топчиите“.
„Се надевам дека Аке ќе може да се врати наскоро, но против Арсенал нема да игра. Сè уште не знам за натпреварот против Реал Мадрид. Мора да го најдеме вистинскиот играч кој ќе го пополни неговото место. Не се сомневам во тоа“, вели Гвардиола.