Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека Нејтан Аке ќе отсуствува долго време поради повреда. Дефанзивецот започна како стартер на вчерашниот натпревар против Плимут во 5. коло од ФА Купот, но беше заменет на полувремето.
„Повторно на долг период загубивме центраен бек. Натан сигурно ќе ни недостига. Затоа сум многу благодарен на клубот што ги донесе Хусанов и Витор Реис оваа зима. Без нив немаше да имаме шанси да се пласираме во Лигата на шампионите следната сезона или да се натпреваруваме за ФА Купот. Тоа ќе беше невозможно бидејќи го имавме само Рубен Диас“, изјави Гвардиола.
„Граѓаните“ се уште не можат да сметаат и на Џон Стоунс и Мануел Аканџи, кои се опоравуваат од повредите.

