Помошникот на Пеп Гврдиола во Манчестер Сити, Жозеп Линдерс, потврди дека играчот од средниот ред Бернардо Силва ќе го напушти клубот кога ќе му истече договорот на крајот од сезоната.
„Капитенот е уникатен и не може да биде заменет од друг играч, бидејќи нема други играчи како него. Се надевам дека ќе има добри последни неколку месеци, тоа се само шест недели, и дека ќе се збогува со достоинство. Тој го заслужува сето ова внимание“, изјавил Линдерс.
Силва освои шест титули во Премиер лигата со Манчестер Сити. Оваа сезона, тој одигра 43 натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и запишувајќи пет асистенции.

