Се зголемува бројот на екипи кои сакаат да го имаат Чаби Алонсо на својата клупа. Манчестер Сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид и Ливерпул го следат главниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, пренесува „Би-Би-Си.
Според истите, „граѓаните“ го гледаат шпанскиот тренер во случај Пеп Гвардиола да не го продолжи договорот, кој истекува следното лето. Претходно беше објавено дека Чаби Алонсо е главен кандидат да го замени Јирген Клоп во Ливерпул. Германскиот тренер ќе го напушти клубот од „Енфилд“ на крајот од актуелната сезона.
Алонсо стана тренер на германскиот тим во октомври 2022 година. Оваа сезона Баер Леверкузен е лидер во шампионатот со 49 бодови по 19 одиграни натпревари во Бундеслигата. Во исто време, тимот под водство на шпанскиот стручњак никогаш не загубил во сезоната 2023/2024, постигнувајќи 24 победи и трипати одигра нерешено.