Манчестер Сити ќе биде без централниот дефанзивец Рубен Диаш од 4 до 6 недели. Ова го откри менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола. Португалскиот дефанзивец се повреди на натпреварот против Петерброу оваа недела.
На истиот натпревар се повреди и Нејтан Аке. Ова значи дека Манчестер Сити останува со двајца централни дефанзивци, Емерик Лапорт и Џон Стоунс за овој важен период од сезоната.
„Тоа може да се случи. Еден од нашите најдобри играчи, Кевин Де Бруин, отсуствуваше осум или девет месеци. Нема да плачам. Имаме двајца централни дефанзивци, таква е ситуацијата“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити во недела ќе се соочи со Манчестер Јунајтед во градското дерби. „Без разлика дали се борат за титулата или за Лигата на шампионите, јас имам голема почит кон историјата на клубот и квалитетите на играчите што ги имаат“, изјави Пеп Гвардиола.