Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Сити без Рубен Дијаз во клучните натпревари од сезоната
    Фудбал

    Манчестер Сити без Рубен Дијаз во клучните натпревари од сезоната

    risteBy riste23/12/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Манчестер Сити ќе биде без Рубен Дијаз во еден од најважните периоди во сезоната. Според извештаите во Англија, 25-годишниот централен бек се здобил со повреда на бутот за време на натпреварите на Португалија на Светското првенство во Катар.

    Дијаз ја заработи повредата во осминафиналето со Швајцарија, но сепак неколку дена подоцна одигра цел натпревар против Мароко. Ова го зголеми проблемот и сега Дијаз, кој беше избран за играч на сезоната во Премиер лигата за 2021 година, ќе паузира до февруари. Сето ова значи дека Пеп Гвардиола нема да може да го искористи својот најдобар централен бек на клучните натпревари против Манчестер Јунајтед и Челзи.

    Сепак, Шпанецот има доволно играчи на оваа позиција, бидејќи вчера на теренот во различни периоди од средбата со Ливерпул беа Емерик Лапорт, Џон Стоунс, Нејтан Аке и Мануел Аканжи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус

    29/01/2023

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.