Манчестер Сити не преговара со Лионел Меси за можен трансфер на „Етихад“ и досега клубот не испратил никакви понуди до Аргентинецот. Ова го соопштија денеска „граѓаните“ пред „Би-Би-Си“ и „Скај Спортс“.
Претходно весниците „Сан“ и „Мирор“ имаа информација дека Манчестер Сити подготвил ажурирана понуда со пониски параметри од оние што се тврдеа пред половина година. Сумата е намалена за 170 милиони фунти и вреди вкупно 430 милиони.
Самиот Меси најави дека ќе одлучи за својата иднина по завршувањето на тековната сезона. Сепак, ова не ги спречува секојдневните шпекулации кои го поврзуваат со Манчестер Сити и ПСЖ.
„Би-Би-Си“ и „Скај Спортс“ тврдат дека информациите за двете понуди до Меси – првата летото и втората сега, не одговараат на вистината. Извори од клубот увериле дека досега тие не дале никаква понуда до Меси и дури не започнале ниту преговори со него.

