Манчестер Сити ќе го добие 20-годишниот играч од средниот ред на Велез Сарсфилд, Максимо Пероне откако е постигнат договор меѓу клубовите, зделката е во завршна фаза, пишува на Твитер новинарот Фабрицио Романо.
Аргентинецот ќе се приклучи на новиот тим по завршувањето на У-20 Копа Судамерикана.
На 22 натпревари за Велез во последната сезона од аргентинскиот шампионат, Пероне постигна два гола и доби 10 жолти картони.
На 10 натпревари од Копа Либертадорес еднаш го погоди противничкиот гол, а имаше и две асистенции.
Манчестер Сити оваа сезона има шанси да ги освои сите натпреварувања. Во последниот натпревар Манчестер Сити го исфрли Челзи од ФА Купот, со убедлива победа од 4:0.