Украинскиот играч од средниот ред, Александар Зинченко го продолжи договорот со Манчестер Сити, објави денес клубот.
Новиот договор на играчот е со важност до 2024 година. Фудбалерот се пресели кај „граѓаните“ од екипата на Уфа во 2016 година и веднаш беше позајмен во ПСВ Ајндховен.
По сезоната помината во Холандија, се врати во Манчестер Сити, каде што освои две шампионски титули, стана двоен победник на Лига Купот на Англија и го подигнал ФА Куп трофејот.
Минатата сезона Зинченко одигра 29 натпревари во сите натпреварувања и постигна 1 гол.