Манчестер Сити го победи Ал Аин со 6:0 во натпревар од групната фаза на Светското клупско првенство во САД. „Граѓаните“ со оваа победа обезбедија пласман во нокаут фазата на турнирот, но последниот натпревар од групата против Јувентус ќе биде клучен за распределбата на првите две места.
Натпреварот ќе биде запаметен по првите голови во дресот на Манчестер Сити, постигнати од Клаудио Ечевери и новото засилување Рајан Черки. Илкај Гундоган постигна два гола, додека другите ги постигнаа Ерлинг Халанд од пенал и Оскар Боб.
Екипите на РБ Салцбург и Ал Хилал одиграа нерешено 0:0 во интересен дуел утрово на Светското клупско првенство. И двата тима покажаа отворена игра и создадоа бројни можности за гол, но одличните одбрани на голманите ги оставија гледачите покуси за некој погодок.
Ова беше втор нерешен резултат за Ал Хилал во групната фаза, додека Салцбург има еден нерешен резултат и една победа.

