Играчот од средниот ред на Манчестер Сити Родри ќе биде надвор од терените околу еден месец. Шпанецот, кој во последно време играше одбрана, се повреди за време на натпреварот против Аталанта во Лигата на шампионите минатата недела.
„Ми кажаа дека може да биде подготвен по паузата за натпреварите во националниот тим“, изјави менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола. Украинскиот дефанзивец Александар Зинченко нема да игра повеќе од еден месец откако ќе се изврши операција на коленото.
Утре Манчестер Сити се соочува со Астон Вила на „Етихад“, со што ќе се обиде да ја намали предноста на лидерот Ливерпул за три бода се до средбата која „црвените“ ја играат во недела на „Енфилд“.

