Францускиот интернационалец Кингсли Коман може да го смени Баерн Минхен со Манчестер Сити, пишува „Билд“.
Граѓаните се заинтересирани, а Баварците сакаат да заштедат пари на платата на 28-годишниот фудбалер.
Манчестер Сити сака да го земе крилниот напаѓач на позајмица со опција за откуп и тоа му одговара на Баерн кој е отворен за преговори.
Минатата сезона Кингсли Коман одигра 17 натпревари во Бундеслигата и постигна 3 гола.

