Англиските фудбалски клубови Манчестер Сити и Њукасл Јунајтед би можеле да се соочат со истрага на Европската комисија поради наводно прекршување на новите правила за странски субвенции, пишува „Дејли Мејл“.
Според изворот, организацијата добила жалби против двата клуба од неколку страни за новите правила дизајнирани да спречат државната помош од трета страна да влијае на работата на европскиот внатрешен пазар.
Манчестер Сити е во сопственост на шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан, член на владејачкото семејство Абу Даби и вицепремиер на Обединетите Арапски Емирати. Саудискиот инвестициски фонд (PIF), предводен од престолонаследникот Мохамед бин Салман Ал Сауд, поседува 80% од Њукасл.
Неименуваните страни кои поднесоа жалби сугерираат дека Манчестер Сити и Њукасл всушност може да бидат контролирани од ОАЕ и Саудиска Арабија. Европската комисија го разгледува случајот бидејќи јавното финансирање веројатно ќе ги „сериозно наруши“ цените на трансфер пазарот во Европа и ќе влијае на развојот на фудбалската индустрија.