Фудбалерот на францускиот Олимпик Лион Танги Ндомбеле најверојатно ќе го напушти клубот во текот на летото, откако интерес за него има од страна на ПСЖ и Манчестер Сити, а се зголемува со секој изминат ден, пишува весникот „Л‘Екип“
Изданието тврди дека 22-годишниот Ндомбеле е следен од менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола како потенцијална замена на Фернандињо. Но парижаните, исто така, сакаат да ја зголемат нивната цена до максимум за да ги подобрат своите перформанси во Европа следната сезона.
Договорот на Ндомбеле е до 30 јуни 2023 година, а според истиот тој може да си замине за трансфер кој би чинел околу 50 милиони евра. Сепак, тимовите поддржани од богатите арапски семејства нема да имаат проблем да го платат овој износ доколку се одлучат да привлечат овој талент.
Во оваа сезона овој фудбалер има одиграно 40 натпревари и постигнато 2 гола за Олимпик Лион во сите натпреварувања.