Одложениот натпреварот од 26.коло во Премиер Лигата меѓу Манчестер Сити и Вест Хем е закажан за 19 февруари (среда), објавија денес во Англија.
🚨 FIXTURE UPDATE 🚨
🆚 City v West Ham
🏆 @premierleague
🏟 Etihad Stadium
📅 Wednesday 19 February
⏰ 19:30 UK🔵 #ManCity pic.twitter.com/m1U5lLDEY9
— Manchester City (@ManCity) February 11, 2020
Средбата требаше да се одигра на 9 февруари, но беше одложена поради лошите временски услови. Според британските медиуми, натпреварот ќе започне во 20:30 часот. Интересно е тоа што истата вечер во 21:00 часот има два натпревари во 1/8 финалето на Лигата на шампионите.
Еден од нив е во Англија, Тотенхем против РБ (Лајпциг). Првиот натпревар на граѓаните од 1/8-финалето против Реал Мадрид ќе биде одигран на 26 февруари.