Шампионот на Англија, Манчестер Сити, е тимот кој има најмногу фудбалери во 1/4-финалето на Мундијалот. Дури 11 фудбалери од англискиот шампион ја продолжуваат борбата за светската титула. Четворица од нив се Англичани – Џон Стоунс, Кајл Вокер, Фабијан Делф и Рахем Стирлинг, четворица се Бразилци – Едерсон, Данило, Фернандињо и Габриел Жезус, а останатите од составот на Пеп Гвардиола се Белгијците Компани и Де Бруине, како и Французинот Бенжамин Менди.
Во топ 3 на клубовите со најмногу играчи меѓу четвртфиналистите се Тотенхем (9) и Манчестер Јунајтед (8). Доминацијата на англиската Премиер лига се дополнува со присуството на 6 фудбалери од Ливерпул и исто толку од Челзи.