Новата сезона во Премиер лигата ќе започне со возбудливи пресметки во првото коло од шампионатот. Ова стана јасно откако беше објавена програмата на англиската фудбалска елита за сезоната 2021/22.
Дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Лидс, познато како „Војна на розите“, ќе се одржи на почетокот на викендот на 14 август. Шампионот Манчестер Сити ја започнува сезоната на одбрана на титулата со тешко гостување кај Тотенхем.
Во својот прв натпревар, Ливерпул гостува кај нововлезениот Норич. Во првото коло Европскиот клупски шампион Челзи ќе биде домаќин на Кристал Палас во лондонско дерби, а Арсенал ќе игра против уште еден дебитант – Брентфорд.