Манчестер Сити ја продолжи серијата без пораз на домашен терен во Премиер лигата на 33 натпревари. Последен пат „граѓаните“ претрпеа пораз на својот стадион на 12 ноември 2022 година од Брентфорд (1:2).
Избраниците на Гвардиола вчера се спасија во последните секунди против Арсенал (2:2) на „Етихад“ во натпревар од 5. коло на англискиот шампионат.
Џон Стоунс израмни во 8. минута од судиското надополнување на „Етихад“ каде гостите играа со 10 играчи во текот на целото второ полувреме. Леандро Тросарd беше исклучен поради втор жолт картон на крајот од првото полувреме, а судиската одлука предизвика огромно незадоволство кај „топчиите“.
Со овој резултат Манчесте Сити ја продолжува серијата не непобедливост на својот стадион на веќе 33 натпревари.

