Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Сити кај Лапциг по виза за четвртфинале
    Фудбал

    Манчестер Сити кај Лапциг по виза за четвртфинале

    risteBy riste22/02/2023No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва РБ Лајпциг го пречекува Манчестер Сити во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Денешниот натпревар кој започнува во 21 часот се игра во Лајпциг, а реваншот е на 14 март во Англија.

    Манчестер Сити започна уште една сезона во нокаут фазата од Лигата на шампионите со надеж дека конечно ќе стигне до трофејот. „Граѓаните“ во последните години секојпат беа меѓу фаворитите, но триумфот на овој турнир остана неостварлив. Тие беа најблиску до освојување пред две години, но загубија од Челзи во финалето.

    РБ Лајпциг не изгледа како тим што може да го запре тимот на Гвардиола и покрај одличната форма од октомври. Во септември, клубот го назначи Марко Розе, а тој успеа да ја сврте сезона во позитивна насока. Тимот беше во серија од 18 натпревари без пораз во сите натпреварувања пред да загуби кај Унион Берлин пред 10 дена. Розе, кој е роден во Лајпциг, го трансформираше тимот и му даде нова самодоверба.

    Добра вест за Германците е враќањето на Кристофер Нкунку. Тој непосредно пред Светското првенство во Катар се здоби со повреда на коленото и го пропушти Мундијалот. Пред неколку дена се врати на теренот и забележа асистенција во победата над Волфсбург. Сепак, Дани Олмо го пропушта натпреварот поради повреда.

    Минатата сезона двата тима беа во иста група во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ победија со 6:3 во Манчестер, а Нкунку постигна хет трик.

    РБ Лајпциг победи во Германија со 2:1, но натпреварот не беше важен за конечниот пласман. Тоа е единствениот пораз на Манчестер Сити од германски тим во Лигата на шампионите во 17 натпревари.

    Тимот на Гвардиола ќе треба брзо да го заборави разочарувањето од последното коло во Премиер лигата кога испушти победа на гостувањето кај Нотингем Форест. По многубројните пропуштени шанси на „граѓаните“, средбата заврши 1:1 и беше чекор назад во битката за титулата само неколку дена откако го добија мечот против лидерот Арсенал.

    Кевин Де Бруин и Емерик Лапорт не се најдоа во составот за натпреварот, како и Џон Стоунс кој продолжува со опоравувањето од повредата. Во отсуство на Де Бруин, Гвардиола мора да одлучи дали ќе продолжи да се потпира на Бернардо Силва или ќе го ослободи Нејтан Аке на таа позиција и ќе го пресели Португалецот во центарот на теренот. Во неколку наврати, кога Де Бруин не играше, менаџерот го внесуваше Јулијан Алварез и ја менуваше шемата.

    Можни состави:
    РБ Лајпциг: Бласвич, Симакан, Орбан, Гвардиол, Халстенберг, Лаимер, Шлагер, Чобочлаи, Форсберг, Андре Силва и Вернер.
    Манчестер Сити: Едерсон, Волкер, Рубен Диас, Аканжи, Аке, Бернардо Силва, Родри, Гундоган, Марез, Халанд и Грилиш.

    Судија: Сердар Гозубујук (Холандија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.